Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство, откако акушерка ненамерно му нанела повреда, а за немилиот настан добила суспензија. објави Курир. 

Од ГАК ја потврдуваат информацијата која се појави во некои од медиумите.

– На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата – нѐ информираат од ГАК.

Оттаму додаваат дека акушерката била суспендирана.

Како што информираат од Клиниката, таа била дадена на Дисциплинска комисија.

– Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место – информираат од ГАК.