Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини информира дека комисијата која оценува дали е прифатливата понудата од Грција за изградба на хидроценталаната Чебрен кон средината на ноември, како што рече, најверојанто ќе донесе конечна одлука.

Нуредини ова го изјави од Тетовско каде се во тек изведбените работи од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион.

-Сè уште немам извештај од комисијата која има членови од разни институции од државата, тоа ќе биде во средина на ноември. Ако има потреба ќе се пролонгира и рокот, ако биде потребно очекувам дека до крај на година ќе имаме извештај од комисијата и ќе презентирам на Влада. Ако биде до крај на година мислам дека во 2023 година ќе може да почнеме со изградба на Чебрен, рече Нуредини.

Тој потсети дека и покрај 14-те неуспешни тендери државата сè уште се обидува да најде решение поради важноста на оваа хидроцентрала на Црна Река. Според него, оваа хидроцентрала ќе има голема улога во балансирањето на мрежата и помагањето во транзиција кон обезбедување обновлива енергија.

-Чебрен е неопходен за државата. Ние сите сакаме да инвестираме во обновливи енергетски извори, но во исто време без Чебрен, без балансирање на мрежата, нема да функционира стратегијата на државата. За жал не било успешено досега, но ќе направиме се што е потребно ако е добра понудата и да биде изградена хидроцентралата и во функција најдоцна до 2030 година, порача Нуредини.

Грчката компанија има услов да овозможи создавање на најмалку 330 мегавати електрична енергија. Има потенцијал за уште една повеќе, а постои можност за поврзување со ХЕЦ Тиквеш со цел надминување на 450 мегавати.