Затоа, како што посочи министерот, сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација.

Тој се заблагодари до Комитетот на УНЕСКО за препознавање на напорите, и одобрување на предложениот амандман, со кој се одобрува дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки.

– Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Истотака благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети, рече Нуредини.

Минстерот Нуредини ги повика сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации, да соработуваат и да го дадат својот придонес кон заштитата на езерото и целиот регион.