Од 19-те главни препораки на УНЕСКО, само четири се спроведувани и тоа само делумно, велат невладините организации.
Извештајот за природното и културното наследство на Охрид што Владата го достави до УНЕСКО не соодветствува со реалната состојба, велат граѓанските организации од Охрид, Струга и Поградец. Според нив извештајот е едноставна транскрипција и многу аспекти на овој извештај се неточни. Претставниците на шеснаесет невладини организации од земјава велат дека не е прв пат да се презентира ваков извештај и главниот проблем е во тоа што државата нема комуникација со невладиниот сектор, иако тоа е предвидено според препораките на УНЕСКО, пренесува ТВ21.мк
„Голем проблем е и заштитата на Охридското Езеро и влијанието на човекот врз екосистемот. Како невладина организација секогаш ќе ги застапуваме интересите на граѓаните и направивме комуникациска стратегија која е препорака на УНЕСКО, но интересот на владата и другите институции не е како што треба да биде“, вели Ндерим Положани.