Над 30.000 граѓани пројавиле интерес за имунизација против сезонски грип. Вакцинацијата почнува денеска, а за најкритичните категории се обезбедени 60.000 бесплатни дози.
Вакцинацијата ќе се врши во сите центри за јавно здравје низ државата. Најголем интерес досега има кај хронично болните и повозрасни и изнемоштени лица. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Сите заинтересирани треба да поднесат електронска апликација на интернет страната вакцинација.мк. Здравствените власти потсетуваат дека на вакцинација се оди здрав и додаваат дека имунизацијата е најдобар начин за да се спречат потешки форми на ова вирусно заболување кое во одредени случаи може да биде и фатално.