Фотографии и видео снимки се обезбедени за Бојко Борисов за тоа како поранешниот бугарски премиер прима поткуп од Васил Божков-Черепот, инаку познат како најголемиот бугарски олигарх и воедно крал на бугарското подземје ставен на црната-листа на САД од јуни 2021.
Бугарските медиуми објавуваат дека тоа се водечки докази против поранешниот премиер.
Тие вчера биле испратени од Европското јавно обвинителство од Генерална дирекција „Национална полицијата“.
Сите биле вклучени во предистражната постапка. Веќе се назначени вештачења кои ја докажуваат нивната автентичност.
Божков тврди дека дал поткуп од 10 отсто од добивката на националната лотарија секој месец. Тој вели дека бил уценет од Борисов и неговите соработници Влади Горанов и Менда Стојанова.
Черепот во моментов е приведен во полиција и се товари за 19 престапи.