Обид за убиство на заменик-градоначалникот на Мелитопол, Микола Волик, во близина на неговиот дом, јавуваат руските медиуми.

Како што изјави за Спутник, членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, во нападот нема повредени.

Обидот за атентат се случи вчера рано наутро, кога тој (Волик) излегуваше од куќата, од неговиот влез. Тоа беше импровизирана експлозивна направа, една од оние што ги користеа терористите на Зеленски. Беше исполнета со експлозивни елементи и за среќа ниту тој, ниту жителите не се повредени, рече Рогов.

Моќта на импровизираната експлозивна направа, според прелиминарните проценки, била околу 2,5 килограми во противвредност на ТНТ, додаде тој.