Родригез рече дека четири дронови полетале на 22 јуни со цел да го нападнат Мадуро, за време на церемонијата на отворање на новиот споменик по повод 200 години од битката кај Карабоб, пренесува германската агенција ДПА.

– Нашите разузнавачки служби деактивираа четири дронови и наскоро ќе знаеме каде се купени, кој ги барал и каков бил планот за атентат врз претседателот и службениците на инаугурацијата на споменикот во Карабоб – рече Родригез на прес конференција.

Мадуро е во долг конфликт со самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо и повеќе пати зборуваше за наводни планови за напад или соборување на неговата влада.

Претседателот на Венецуела во 2018 година избегна обид за убиство, кога пред него се појавиле дронови кои носеле експлозив додека говорен на церемонијата на Националната гарда во Каракас.
Тој останал неповреден, но седум војници на Националната гарда биле повредени.