Како што информираат од Обвинителството, осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент, како што стои во соопштението, осомничениот извадил пиштол и испукал три проектили кон оштетениот, нанесувајќи му огнено-стрелни повреди во десната потколеница.
Дополнуваат дека бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното длео, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.