Објавата на пресудата за предметот со КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ закажана за денеска, се презакажува за 5 април, 2022 година од 13:00 часот во Судница 1, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Како што се наведува во соопштението од Судот, причина за презакажување на терминот е што еден од членовите на судечкиот совет, судија – поротник го известил судот дека е позитивен на Ковид – 19 вирусот и во следниот период ќе биде во изолација согласно протоколите за здравствена заштита.

Првоосомничен во предметот е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој според обвинението, како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.