Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2022 за долгови доспеани до 31.08.2022 и неплатени до 30.11.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
На Листата на должници бр.12/2022 објавени се 1.660 должници – правни лица (повеќе за 8 од претходната листа) и 3.264 физички лица (повеќе за 55 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2022 изнесува 7.904.915.060 денари, повеќе за 15.032.847 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.698.180.621 денари, повеќе за 14.307.845 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.734.439 денари (повеќе за 725,002 денари од претходната листа).
Листата е достапна со клик тука.