Во зелено е поголемиот дел од Европа. Важен исклучок се Шпанија и Португалија кои се претежно во црвената зона што претставува најголема инциденца.

Мапата ECDC се ажурира неделно со употреба на податоци од четврток во 23:59 часот. Боите за одделни области се определуваат со комбинација на бројот на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100 илјади жители и процентот на тестирана популација.

ECDC е европска агенција со седиште во Стокхолм, а нејзините ковид-мапи се индикатор за туристите дали е безбедно да се оди на дестинацијата.