Добитниците на стипендија на домашна адреса ќе добијат решение за прифаќање на апликацијата и ќе бидат дополнително контактирани за потпишување на договорите за доделување на стипендијата.
Кандидатите кои не се на списокот на добитници на стипендијата, на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, како и упатство за правно средство против донесеното решение.
Незадоволните кандидати до Министертството може да достават претставка со цел повторно разгледување на нивната пријава.
Како што е наведено во објавата на МОН, поради неисполнување на квотата од број на стипендии предвидени за доделување, останува отворен Конкурсот за стипендии за студии од втор циклус за 2021/2022, а поради исполнување на квотата се затвора Конкурсот за стипендии за студии од трет циклус.