Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска ги објави останатите кандидати за градоначалници на владеачката партијата. Според анкетите внатре во партијата, СДСМ во Куманово ќе „трча“ со Оливер Илиевски, а во Центар со Горан Герасимовски.

-Во општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат со Александар Наумовски. Кандидат на градоначалник во Битола ќе биде Христо Кондовски, во Шуто Оризари ќе биде Асан Ферат, во Кривогаштани со Никола Мисовски, во Струга партијата ќе трча со Димче Џипингаровски, во Гевгелија кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Сашко Поцков, во Дебарца со Игор Крцковски…, соопшти Николовски.

Денес беа објавени 17 кандидати, така што останува уште името на кандидатот за градоначалник на општина Кочани, кое според Николовски, ќе биде објавено во наредните денови.

Генералниот секретар додаде дека во сите општини, каде што се објавени денешните кандидати, партијата води на анкетите со 10 проценти или повеќе.

Претходно партијата објави уште 16 кандидати за градоначалници во општините кои биле утврдени на седница на Извршниот комитет. Како што објави тогаш Николовски 12 од кандидатите се нови имиња, во скопските општини, Аеродром, Карпош, Прилеп, Велес.

Ова е листата на кандидати

Куманово-  Оливер Илиевски, дипломиран економист и директор на водостопаскство Куманово.

Општина Центар- Горан Герасимовски, магистер менаџер на човечки ресурси, долгогодишно искуство во притавниот и јавниот сектор.

Ѓорче Петров- Александар Наумовски досегашниот градоначалник кој има огромен број успешни проекти.

Битола- Христо Кондовски, познат стопанственик и менаџер.

Македонска Каменица- за нов мандат ќе се бори Соња Стаменкова досегашната градоначалничка со огромен број реализирани проекти.

Шуто Оризари- Асам Ферат, приватен стопанственик и претседател на општинската СДСМ.

Кривогаштани- Николче Мисовски, агроном и успешен стопанственик

Струга – Димче Шипинкаровски, економист и стопанственик, раководител на подрачната единица за Фондот за здравство.

Гевгелија- Сашко Поцков ќе бара уште еден мандат од граѓаните.

Дебарца- Игор Крцковски, дипломиран правник, директор на ЈП комунални дејности.

Чучер Сандево- Сашко Комненовиќ, дипломиран криминалист.

Македонски брод- Живко Силјановски, кој покажа како се раздолжува една општина

Долнени- Аднан Џаферовски.

Врапчиште – Џазми Мамути, сопственик на приватна фирма.

Радовиш- Коле Черапчиев, актуелен пратеник.

Крива Паланка- Сашко Митовски, млад докажан успешен стопанственик и економист.

Струмица- Кострадин Костадинов, портпарол на СДСМ

За Кочани дополнително ќе биде објавен кандидатов за градоначалник.