Објавени се нови деатали за вчерашната пресметка во кафеана во Приштина, во која беа повредени 16 лица, а Кастриот Рамадани (39) им подлегна на повредите и почина по синоќешното пукање, објави Макфакс.

Докторот Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега за косовските медиуми потврди дека се работи за 39-годишен маж.

„Еден од повредените почина синоќа. Тој беше 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди“, изјави Ука.

Во престрелката што се случила синоќа во кафуле во центарот на Приштина, не се знае точно колку лица се повредени. Индекс онлајн пишува дека четворица се повредени од огнено оружје, а останатите се повредени во тепачка и од скршено стакло. Повредените се на возраст од 20 до 39 години. Оттаму соопштуваат дека се повредени 21 лице.

Како што пишува Коха, меѓу повредените има и 14 девојки, кои имаат повреди како последица на кршење чаши и шишиња.

На пукањето ѝ претходела расправија меѓу две групи млади момчиња.

Индекс онлајн вели дека жртвата е Кастриот Рамадани (39).

„Во овој случај во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени, а се работи на откривање на други можни осомничени“, наведуваат од полицијата.