Наум Стоилковски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку објава на Фејсбук реагираше на, како што наведува, комуникација и пораки што ги добивал од Рубин Земон.

Во продолжение е објавата на Наум Стоилковски во целост:

„Рубин Земон се вознемирил. Цел ден се обидувал да ми прати порака. На месинџер, бе!? Со навреди и закани 🙂 Еве потресен сум 🙂 Ама за душевно- здравствената состојба на Рубинче.
Од три пораки, пишувани на два-три саати, две му се едитирани. Последната, таа “најхрабрата” и на латиница. Веројатно и пак ќе пишел, ама може е “Сфинга” направен некаде од мака.
Како сега да се објасни зошто е против Египќаните? Зошто е против азиланти? Како сега, лапал пари за “ено опшесво”, советник бил на влада, а тука сега ксенофоб, против различни, ќе ја бранел Македонија од мигранти и азиланти?
Рубинчо се помисли дека можел да ми пишува пораки, да пишува каде ќе стигне, дека сите му се Зоќе и Венче. Може тие одговораат на дволични политички кичераи, самоумислени интелектуалци, професори ради реда, “лидери на партиички за корка лепче”, “шути и рогати” што ги викаа… Заканувачи на месинџер 🙂
Со мене, а и со ВМРО, тие што застанале зад лага, зад ширење параноја, зад ширење ксенофобија, што прават поделба во Македонија, дволични луѓе, дисбалансирани, денес-вака-утре-онака, луѓе без став, достоинство и интегритет; Тц, нема поминувачка, нема комуникација.
*Рубинче, Rubin Zemon да имаше барем втор во партијата, ќе ти кажеше дека не ти е интелигентно да се закачаш ти со мене. Ама на собрани потписи за регистрација на партија, ќе научиш на потежок начин. Ај, сега, оди плачи таму кај Венче. И немој нервозава за “азилантите” да ти влијае да утнеш термин за тренинг; добро ти тргнало, според сликите што запотен си ги праќаш по луѓе!“