Манасиевски ги разобличи лагите на Левица за нивниот наводно скромен објект којшто претходно бил штаб на Палчо.

Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо. Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле – Павилјон 36. Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела. Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица. Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани. Тоа што го лажеа сопственото членство со висок морал и скромност се испостави како најголема лага, рече Манасиевски.

Погледнете повеќе од видеото во продолжение:

Претходно и премиерот го обзнани овој скандал. На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на прашање посветено на имотот на политичката партија Левица и свесното изигрување на законот.

Мицкоски со нов скандал за Левица: Подрумот не ќе да е подрум

Тој на говорницата покажа и фотографии од објектот и посочи дека во истиот тој локал е регистрирано и друштво за угостителство и услуги.

На ова место, кое не ќе да е подрум, над земја три-четири метри е регистриран локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Регистриран е на истата адреса каде што се наоѓа подрумот или сутеренот. Дури и си направиле профили по социјалните медиуми, прилично слични на профилот на една политичка партија. Кога малку ќе истражите и ќе ја извадите тековната состојба, покрај тоа што уплатиле 5000 евра во кеш за регистрирање на ова друштво за угостителство и услуги, се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски. Тој се јавува како управител, како менаџер и ја регистрирал оваа фирма, која се занимава со дејност ресторани, но и дејности на интернетски портали. Тоа е подружницата од ова друштво, истакна премиерот.

Сега, Манасиевски обзнани дека дополнително овој објект Левица бил и штаб на Палчо.

Извор: ВМРО-ДПМНЕ