Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 9 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, наместа засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст, информираат од УХМР.