Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Утре попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Локален дожд ќе има и в сабота, а в недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.