Времето ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. UV=8

Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во следните денови ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува пораст на температурата.