Времето денеска претпладне ќе биде облачно, а попладне претежно во западните делови со повремен дожд, а на планините снег. Преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од два до седум, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, од крајот на денот со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Како што соопшти УХМР, до сабота ќе дува засилен северен ветер, над 60 километри на час. Врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на метар квадратен, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.