Времето ќе биде променливо облачно, во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 5 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 5 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со слаб до умерен ветер од северен правец. Повеќе сончеви периоди ќе има во четврток. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а дневните од четврток ќе бидат во благ пораст, информираат од УХМР.