Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 18 степени.
Од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст, соопшти УХМР.