Во Македонија времето денеска ќе биде облачно и посвежо, со врнежи од дожд. Синоптичарите предвидуваат дека на места дождовите ќе бидат пообилни со наврнати над 25 литри на квадратен метар.Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утрово најстудено е во Лазарополе со измерени 4 степени целзиусови, потоа 7 степени во Берово, 8 на Попова Шапкка, Маврови Анови и Охрд. Девет степени се измерени во Битола, Претор, Крива Паланка, Дебар, 10 степени Тетово, Прилеп, Струмица, Крушево, 11 во Штип, Виница и Гевгелија, а 12 во Скопје, Куманово и Демиркапија.

Според синоптичарите во Скопје ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13°C, а максималната од 13 до 18°C.