Курир дознава дека контроверзниот бизнисман Александар Обрадовиќ, директор на „Елем Трејд“ му поднесе оставка на Зоран Заев.
Инаку, Обрадовиќ во интервју за „Алфа телевизија“ вели дека Македонија е во енергетска кризна состојба, која Владата ќе ја смирува со 65 милиони евра. Надлежните се обиваат да ги смират граѓаните, но сепак, цехот, кој што ќе го платиме, ќе биде многу повисок. Состојбата на терен е безмалку драматична, а можело да биде поинаку, доколку на време се реагирало со подготовки.
Тој во интервјуто зборува и за клучните грешки на Владата во спречуваерто на ударот од енергетската криза. Обрадовиќ вели дека одговорност мора да се има, зашто сме пред енергетски колапс.