Бојмацалиев и Тошковски со различен став
Саботажа нема, обрасци за пасоши наскоро ќе пристигнат во поголема количина. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вели дека во изминатиот период се пристигнати вкупно 70 илјади, а поголема пратка ќе се испорача во јуни.
Наспроти тврдењата на Митко Бојмацалиев, Тошковски вели дека има само 5 отсто од договорената количина.
Министерството за внатрешни работи се најде во неволја бидејќи пристигнаа само 20.000 обрасци за пасоши од предвидените 400.000, што ги остави властите да се борат да ја решат оваа криза. Панче Тошковски, го обелоденува алармантниот недостиг и пристигната количина која сочинува само 5% од договорената количина.
Со пристигнатите обрасци ќе се печатат пасоши на оние кои се сликале по итна постапка или приложиле медицинска потврда. Тоа значи дека оние сликани во редовна, ќе почекаат уште малку.
Обвинителството го разгледува случајот
Случајот веќе го разгледува и Обвинителството кое постапува по пријава на опозицијата за издавање на документи на кои им завршува рокот.
„Кривичната пријава е примена и приклучена кон претходен предмет по поднесена друга кривична пријава со исти наводи. Во предметот веќе се побарани информации од надлежни институции и обвинителството во целост ќе ги провери наводите“, велат од Обвинителството.
Наскоро и веб страница на која граѓаните ќе проверуваат дали им се готови документите
Откако и денеска не беше оперативна веб-станицата на којашто граѓаните ќе може да проверат дали им се готови документите, од МВР за МРТ велат дека службите работат за да ја стават во функција.
Нема застој при информирањето преку СМС
Потврдуваат и дека нема застој во информирањето на граѓаните по пат на СМС пораки дека исправите им се изработени. Пасоши со новото уставно име досега добиле 1.300.000 граѓани.