– Во многу области во регионот на ОБСЕ, децата, жените и мажите се селат напред-назад преку границите, со целосно непочитување на нивните основни човекови права, рече Вигенин во изјавата пред утрешниот Меѓународен ден на мигрантите.

Вигенин констатира зголемување на тешкотиите во собирањето веродостојни податоци за време на пандемијата на Ковид-19 и ја истакна одговорноста на парламентарците во борбата против растечката антиимигрантска реторика.

Тој, исто така, предупреди на дезинформации насочени кон самите мигранти од страна на шверцери, трговци со луѓе и други кои сакаат да заработат пари од илегалната миграција.

– Здравствената криза не треба да се користи за постигнување ксенофобична агенда. Од почетокот на пандемијата, видовме зголемување на антиимигрантската реторика. Сите ние мора да дадеме свој придонес и да се спротивставиме на таквите дезинформации каде и да ги забележиме, рече Вигенин, соопшти ОБСЕ.