Тој беше повикан да сведочи за она што го знаел за немирите, јави Би-Би-Си.
Неговите адвокати тврдеа дека неговите комуникации, во кои е вмешан и поранешниот американски претседател, биле заштитени.
Бенон сега може да се соочи со една година затворска казна и парична казна од 100.000 долари.
Комисијата на Претставничкиот дом на САД што ги истражува немирите што се случија во Капитол на 6 јануари годинава едногласно го поддржа гласањето за непочитување на судот во случајот на поранешниот главен помошник на Трамп, поради непочитување на процедурите на Конгресот.
Тој беше повикан да сведочи пред истражната комисија на Конгресот, но тој одби.