Воислав Димоски од јули веќе не е обвинител во обвинителството во Охрид. Сам даде оставка незадоволен од тоа што за 10 години не успеа да помогне во проектот на менување на состојбите во правосудството воопшто.

Од денешен аспект можам да кажам дека ама баш ништо не сум успеал да променам, вели Димоски, кој веќе подолго време на својот фејсбук-профил сосема отворено како обвинител зборува за тие состојби.

Така зборува и во интервјуто за МКД.мк.

Не можете да претпоставите до која мера се заробени институциите. На пример, своевремено ми водеа постапка за прекршување на Етичкиот кодекс кое сум го сторил со објава на мојот фејсбук-профил. А бев објавил фотографии од ружите во мојата градина (црвена и жолта) со коментар: „Процветаа ружите со боите на Македонија! Ќе процвета и Македонија, само да се раатиса од вошките!“, вели тој.

Димоски смета дека во обвинителството и во судовите сепак има една мала бројка вистински професионалци, луѓе што се на маргините, кои не се движат нагоре во хиерархијата бидејќи не се послушни кон политичките елити.

Целото интервју на МКД.мк