Тој е дел од тимот на петмина обвинители коишто ја водат истрагата за пожарот во ковид-болницата. Веќе една недела тимот е преселен во Скопје, каде сослушува членови на комисии коишто биле надлежни за поставувањето на модуларните болници.

Обвинителите го чекаат и вештачењето на германските експерти коишто се вклучија во истрагата. Тие треба да кажат дали материјалите од коишто биле изградени модуларните болници се во согласност со она што биле препорачано од Светската банка.

Како може цел објект да изгори за само неколку минути е главното прашање околу коешто се фокусирала истрагата на германските форензирачи коишто по несреќата ја посетија Македонија.

Целиот текст прочитајте го овде.