Издадена е и наредба за вештачење на трагите и материјалите пронајдени на местото на настанот.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.
Телата на починатите сопружници Б.С.(36) и Б.С.(43) со повреди утрово во 8:20 биле пронајдени во нивниот дом во село Табановце, соопшти претходно полицијата.