-Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и неправосилната пресудата во случајот ,,Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет. Причните се дека постои можност за бегство, рече обвинителот Трајче Пеливанов, кој воедно предложи мерката притвор за случајот ,,Тврдина-Таргет”, да се укине.
Одбраната на обвинетите, по предлогот на јавните обвинители, наведе дека тие се убедини дека овој предмет во Апелациониот суд ќе добие ослободителна пресуда. Адвокатот Лупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.