Обвинителството ја проверува имотната состојба на десеттина вработени во скопска онкологија во рамки на предистрагата која се води, брифираат извори од истрагата за ТВ24. Спроред истите извори, освен на вработените ќе се проверува и имотната состојба на нивните семејства.
Од обвинителството официјално веќе со денови не се соопштуваат информации за текот на постапката. Во последното соопштение беше нагласено дека по наредба на обвинителите, клиниката е и под финансиска истрага.
– Во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување. – Соопштение на ЈОРСМ (26.09.2023).
Во меѓувреме обвинителите остварија средба со колегите од Косово, од кои побарани се конкретни податоци за проверка на наводите дека дел од лековите од скопската клиника завршувале на тој пазар таму. Во зависност од потребата за обезбедување докази, планирана е средба и со обвинителството во Албанија.
Јавноста, а особено пациентите кои се борат со оваа болест, очекуваат разрешница на овој случај и расчистување на сите сомнежи и наводи за утврдување на вистината, за да се врати довербата во здравствениот систем.
Обвинителството презема раковододна активност само во случаи кога се предпоставува злоупотреба со јавните средства. Доколку постои сомнение за коруптивни дејства или употреба на јавни средства за лична корист од страна на вработените на Онкологија, обвинителството може да започне со истрага и испитување на нивната имотна состојба.
Повеќе на ТВ24