МВР излезе со детали за вчерашната сообраќајка во која едно лице загина, а околу неа најмногу бура во јавноста се крена бидејќи учествуваше Зоран Милески Кичеец, обвинет во аферата Рекет.

На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило С.Е.(34) од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото “мерцедес“ П.Ж.(51) и М.М.(42) двајцата од Р.Србија, сопатникот од товарното моторно возило М.К.(31) од Гостивар и возачот Б.Љ., а со телесни повреди повреди се здобиле возачите З.М. и Е.Н. како и сопатникот од возилото “бмв“ Р.Р.(23) од с.Г.Палчиште-тетовско констатирани во Ургентниот Центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар во присуство на Јавен обвинител, се вели во соопштението од МВР.