Виктор Стојанов, кој гордо стои зад бугарската фондација „Македонија“, им нуди можност на македонските граѓани. За само цена на нивните оригинални презимиња, тие можат да добијат сума од 300 евра!
Па нели сме биле бугари? Со овој обид за бугаризација, излегува дека не сме доволно бугари во нивните очи и затоа овој процес е потребен.
За да се квалификуваат за оваа неочекувана добивка, Македонците само треба да го променат своето презиме така што треба да завршува на „ов“ или „ев“. Знаете, нешто што совршено одговара на критериумите да се биде препознатлив Бугарин.
Покрај промената на нивните презимиња, граѓаните се исто така замолени соодветно да ги ажурираат своите изводи од матичната книга на родените. Има ли подобар начин да ја покажете вашата посветеност отколку со официјално документирање на вашиот новооткриен бугарски идентитет?
Што се однесува до начинот на барање пари, апликантите се молат да се обратат до Фондацијата. Очигледно, Стојанов ги има сите детали, кој погодно ги пишува овие постови надвор од Македонија.
Вреди да се спомене дека Стојанов е прогласен за персона нон грата од македонската влада и е непожелен во земјава.