Тој смета дека доколку се сфати тежината на моментот, 14 дена се сосема доволни врз основа на тоа што сме го сработиле досега, да се постигне договор. Меѓутоа, треба две страни за да се постигне тој договор, така да очекуваме која ќе биде позицијата на Бугарија после искажување на овие наши ставови.
– Самата најава за формирање политичка Влада во Софија значително ќе го олесни процесот. Нас ни се случи ситуација во годината кога требаше да се деблокира овој процес имавме трипати избори во една година во Бугарија и неможност за формирање Влада, што оневозможи нормална комуникација меѓу две политички влади и самата најава дека влегуваат сериозно во формирање на коалициска политичка влада дава оптимизам дека ова прашање води кон решение. Ние комуникациата не ја прекинавме и со техничката Влада, додаде Османи на прес-конференцијата во МНР за претставување на буџетот на Министерството предвиден за 2022.
Министерот информира дека овие денови се работи интензивно на дефинирањето на нашиот одговор на „пет плус еден точките“ и очекува во наредните денови во комуникација да се одговори на тие предлози и тоа да биде основа за следната рунда разговори меѓу експертите од двете МНР.
– Моменот на вклучување на политичката влада ќе биде клучен но ние мора да имаме одредена подготовка за да продолжиме понатаму на политичко ниво да ги решиме прашањата. Уште работиме со надеж за декември, да се фати тој рок иако и после 14-ти словенечкото претседателство има право да свика вонреден состанок на министрите за Европа да ја донесе одлуката било кој ден до 31 декември или пак во првите недели во јануари француското претседателство исто така не е врзано со конректен формален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ, појасни Османи.
Така да работиме како да секој ден ни е опција меѓутоа политичката влада во Бугарија се разбира дека е важна компонента во тој план.
– Доколку се интензивира овој процес на комуникација, прво на ниво на експерти од двете министерства, преку размена на ставови исто така преку двдете МНР, и на сето тоа се надоврзува политичката комуникација помеѓу две политички влади или претседателот на државата кој сега веќе е избран во Бугарија, мислам дека може да се најде решение. Според темите што ги разговараме, според предлозите што се разменуваат, мислам дека навистина има простор за изнаоѓање решение. Eдноставно не сме толку далеку за да не можеме сега да ја интензивираме таа комуникација и да го искористиме моменот којшто е многу важен. А моментот е важен затоа што контекстот понатаму не се подобрува по однос на можноста за изнаоѓање решение а Бугарија се повеќе разбира дека тоа е исто толку важно колку за нас толку и за нив, додаде Османи.