Платите ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!

Околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица од 1 јануари 2024 ќе добијат зголемување од 150 до 400 евра месечно.

Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот Димитар Ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари.

Платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, која што годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо.

Информацијата доаѓа во време кога пензионерите бараат повисоки пензии незадоволни од последното усогласување кое наместо ветените 6,8, изнесува 5,3 проценти ,а над 90.000 корисници на пензија примаат по околу 13.000 денари.

Извор: Expres.mk.