Здруженијата на потрошувачи велат дека поскапувањето е нов голем удар за стандардот на граѓаните.
Струјата во Србија од 1 мај поскапува за осум отсто, а гасот за 10 отсто. Поскапувањето е дел од договорот меѓу Владата на Србија и ММФ како дел од стенд-бај аранжманот што беше договорен на крајот на минатата година. Додека Министерството за енергетика најавува дека цената на струјата и гасот и по новата корекција ќе останат меѓу најниските во Европа, здруженијата на потрошувачи велат дека поскапувањето е нов голем удар за стандардот на граѓаните.