Зголемувањето ќе влијае на категоријата лекови кои се земаат без рецепт, а не на оние кои се дел од позитивната листа, објавува Алсат-М.
Од Здружението на фармацевти велат дека од пандемијата досега, десетици лекови забележале зголемување од најмалку 20%.
„Имаме официјална информација од компаниите дека поскапување, особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо, а нема најава за лековите од позитивната листа и другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Поплаки има и од граѓаните. Тие се во право, има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат“, рече Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти.