Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, од форумот Делфи најави дека од мај ќе ги укинат сите мерки против коронавирусот.
Тоа значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, а повторно ќе ги вратат во септември.
– Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, подготвени сме за есента и за вакцинацијата, вели министерот.
Според информациите во медиумите, оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.