По авиолинијата Скопје-Москва, ова ќе биде втора редовна линија на рускиот превозник од главниот град на Македонија, а летовите за Санкт Петербург ќе започнат на 21 септември и ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник, со авион од типот „ембрер Е190“ со 110 седишта.
Цените на билетите почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.
Поаѓањето од Скопје е во 14:40 часот, а пристигнување во Санкт Петербург во 18:55 часот, додека поаѓањето од Санкт Петербург е закажано за 11:10 часот, а пристигнувањето во главниот град на Македонија е во 13:35 часот.
Од авиокомпанијата велат дека ќе ги зголемат и двата неделни лета Скопје-Москва на три неделно, почнувајќи од 28 септември.