На повикот биле поднесени 45 апликации.

Владата на денешната седница одлучи од шестиот пакет за справување со последиците од КОВИД-кризата, поддршка да добијат и сите 184 правни лица – регистрирани фотографски студија и фитнес центри. За нив се проектирани вкупно 11.924.820,00 денари.

На седницата беше разгледана и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта по што е одлучено да се исплатат вкупно 5.442.232 денари на 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик.