Од Бугарија ќе купуваме поевтина струја за бизнис секторот и индустријата, но уште не е познато по која цена. Владите на Македонија и на Бугарија се договорија Бугарија да ја снабдува Македонија со 200 Mwh струја од октомври до 31 март идната година.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија се сретна со привремениот претседател на бугарската Влада Галаб Донев.
Ковачевски и Донев рекоа дека од среда ќе се формира работна група која за две недели треба да ја утврди цената, количеството и другите технички аспекти.
Покрај Ковачевски, на едночасовна средба во Софија беа министрите за економија и за надворешни работи – Крешник Бектеши и Бујар Османи, како и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.