За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19.
Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.
– За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)
– За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.9.2021г. (среда)
– За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.9.2021г. (четврток)
– За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.9.2021г. (петок)