Пуштен во употреба експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка, дел од Коридор 8. Изградбата на оваа сообраќајна инфраструктура започна во мај 2018 година, а патот има должина од 25,55 километри.

Со ова, се исполнуваат ветувањата на минситерот Александар Никколоски. Да се потсетиме што изјави пред неколку месеци.

(ВИДЕО) Николоски и Трајановски на терен: Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа

Инвестициона вредност

Според информациите од Владата, вкупната инвестиција за изградбата на овој експресен пат изнесува 93,7 милиони евра. Од нив, 80,20 милиони евра се обезбедени преку Светска банка, додека 13,50 милиони евра се грант средства.

Фази на изградба

Експресниот пат се градеше во две фази:

  • Лот 1: Делница Длабочица – Страцин (Чатал) со должина од 15,55 километри. Вредноста на оваа делница изнесува 43,75 милиони евра, финансирана со средства од Светска банка и грантови.
  • Лот 2: Делница Крива Паланка – Длабочица со должина од 10 километри, завршена во предвидениот рок. Вредноста на оваа делница е 50,54 милиони евра, исто така финансирана со средства од Светска банка и грантови.

Изведувачи и надзор

Првично, изведувач на делницата Длабочица – Чатал беше италијанската компанија „Тирена Скави“, но поради слаб напредок, договорот беше раскинат и проектот го презеде „Страбаг“. Втората делница ја градела компанијата „Гранит“. Надзорот над изградбата на двете делници го вршеше компанијата ДИВИ Македонија.

Важност на проектот

Со пуштањето во употреба на овој експресен пат, се очекува значително да се подобри сообраќајната поврзаност на овој дел од државата, како и да се олесни транспортот по Коридорот 8, кој претставува клучна сообраќајна артерија за Македонија.