Поради ширењето на коронавирусот, грчките власти неделава вратија дел од ограничувачките мерки за рестораните, ноќните клубови и кафулињата. Правилата важат од денес и тие забрануваат служење на гости кои стојат.
– Тоа е чекор назад што сигурно ќе влијае на туризмот, но се чини дека е потребно за да не го изгубиме остатокот од летото. Ќе бидеме трпеливи, вели Илјас Бабацикос, сопственик на кафуле на плажа во атинското крајбрежно предградие Алимос.
Здравствените работници се загрижени за неодамнешното зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус и појавата на делта-вирусот.
Во вторникот имало 1.797 новоинфицирани, што е двојно повеќе од претходниот ден.
Властите објавија дека голем дел од новите случаи се млади луѓе.