Од денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Од Министерството за здравство информираа дека досега се пријавиле 33 илјади граѓани, а право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи, повозрасните лица над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 гоини, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации во целата држава, а сите пријавени ќе добијат смс-порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација.
Во Скопје заинтересираните ќе можат да се вакцинираат во 5 установи: Центарот за јавно здравје, поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а здравствените работници и во Институтот за јавно здравје.