10 678 е бројката за слободни места за прва година додипломски студии на УКИМ.

На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места од кои 5247 се за редовни студенти кои ќе плаќаат 200 евра членарина.

Останатите, 4366 се за редовни студенти со кофинансирање, а 1065 места за вонредни студенти.