Од денеска граѓаните ќе плаќаат поевтини цени за паркинг услугите во Скопје.

Цената за паркирање е намалена во зонското паркирање- во зона А0 од 100 на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето од 30 на 25 денари за 1 час.

Ова беше неодамна соопштено од надлежното јавно претпријатие Градски паркинг- Скопје, од каде што порачаа дека со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.