На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.

На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.

Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е најфреквентниот граничен премин во државава.

Новиот начин на контрола треба да го олесни метежот на границите, особено во летниот период на зголемени патувања.

Почнати се првичните активности за најавената иницијатива отворање „One stop shop“ и на граничниот премин Пелинце-Прохор Пчински за патниците, информираше денеска директорката на Царинската у

One Stop системот веќе е воспоставен со Косово на премините Блаце и Јажинце, во тек се разговори и со Албанија за воведување на два гранични премина, додека со Бугарија и Грција, како членки на ЕУ и на Шенген-зоната, ќе има само организациски подобрувања